Во Собранието седница за избор на нова Влада

 Во Собранието денеска во 11 часот треба да почне 60-та седница, со единствена точка на дневен ред Избор на Влада на Република Северна Македонија.

Новата Влада што треба да ја предводи Димитар Ковачевски ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри.

Новиот владин кабинет ќе има еден член повеќе од претходниот – министер без ресор за дијаспора, место што и припадна на Алтернатива.

Од Владата си заминуваат осум досегашни членови, вклучувајќи го и премиерот Зоран Заев. Никола Димитров веќе нема да биде вицепремиер за европски прашања, Радмила Шекеринска заминува од Министерството за одбрана, а членови на Владата нема да бидат ни досегашниот министер за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерката за култура Ирена Стефоска.

На нивните места треба да дојдат досегашниот министер за правда Бојан Маричиќ (СДСМ) како вицепремиер за европски прашања, Славјанка Петровска (СДСМ) во Министерството за одбрана, Беким Сали од Алтернатива ќе раководи со Министерството за здравство, досегашниот министер за информатичко општество и администарција Јетон Шаќири (ДУИ) ќе го преземе Министерството за образование и наука, Јована Тренчевска (СДСМ) ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика, а Бисера Костадиновска Стојчевска (СДСМ) го презема ресорот култура.

Адмирим Алити од Алтернатива ќе биде прв човек на МИОА, а Џемаил Чупи од оваа партија е предложен за министер без ресор задолжен за дијаспората.

Во новата влада на Ковачевски останува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи (СДСМ), а ново име е Славица Грковска (СДСМ) која треба да биде вицепремиер за борба против коруција и криминал.

Со ресорот правда треба да раководи универзитетскиот професор Никола Тупанчевски (СДСМ). Во Министерството за внатрешни работи останува досегашниот министер Оливер Спасовски (СДСМ), а функциите ги задржуваат и министрите за надворешни работи, за транспорт и врски, за финансии и за економија, Бујар Османи (ДУИ), Благој Бочварски (СДСМ), Фатмир Бесими (ДУИ) и Крешник Бектеши (ДУИ). Во Министерството за локална самоуправа останува и понатаму Горан Милевски (ЛДП/коалиција на СДСМ), а нема промени и во Министерството за животна средина и просторно планирање каде останува досегашниот министер Насер Нуредини (ДУИ).

Со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и понатаму ќе раководи Артан Груби (ДУИ). Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се враќа Љупчо Николовски (СДСМ).

Собраниската расправа за избор на нова влада трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до 24 часот вториот ден или во случајов во недела до полноќ. Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието.

Согласно собранискиот Деловник, мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на владата на седницата на Собранието, на која се врши нејзиниот избор. По програмата на мандаторот и предлогот за состав на владата, Собранието води единствен претрес. Во Деловникот е предвидено дека редоследот на пратениците кои ќе учествуваат во претресот го утврдува претседателот на Собранието на начин кој обезбедува учество на пратеници од различни политички партии застапени во Собранието. Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање.

Поврзани вести

Владата одлучи: Се намалува периодот на изолација или карантин на 7 дена

Лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест односно се асимптоматски случаи на КОВИД-19 им се одредува домашна...

Владата доцна вечерва донесе одлука – еве кога и како ќе започне учебната година

На денешната седница Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари. Оваа одлука е донесена врз основа на...

2.019 нови случаи на ковид-19 – пријавени 19 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.119 тестови, а регистрирани се 2.019 нови случаи на КОВИД-19:

Возачот е виновен за автобуската несреќа кај Струма, утврдиле бугарските истражители

Бугарската националната истражна служба го затвори случајот за несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 лица, изјави за БГНЕС шефот на службата, Борислав Сарафов. Тој одговорноста за несреќата...

Најважното

Владата одлучи: Се намалува периодот на изолација или карантин на 7 дена

Лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а...

Владата доцна вечерва донесе одлука – еве кога и како ќе започне учебната година

На денешната седница Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари.

2.019 нови случаи на ковид-19 – пријавени 19 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.119...

Возачот е виновен за автобуската несреќа кај Струма, утврдиле бугарските истражители

Бугарската националната истражна служба го затвори случајот за несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 лица, изјави за БГНЕС шефот на...

Ковачевски се сретна со Борисов: Да се развива довербата и да продолжи поддршката од Бугарија за членство на Северна Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, покрај програмата за неговата официјална посета на Република Бугарија одржа уште неколку активности,...