Свет

Во Сомалија се урна авион при слетување, преживеаја сите 30 патници

Во Сомалија се урна авион при слетување, преживеаја сите 30 патници

Патнички авион денеска се урна при слетување на аеродромот во главниот град на Сомалија, Могадишу, а сите 30 патници се спасени.

На видео-снимките од местото на несреќата се гледа авион во пламен, од кој се издига црн чад. Најверојатно авионот се превртил при слетувањето.

Авионот сообраќал од сомалискиот град Бајдоа до Могадишу.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни