Балкан

Во Сплит стапи на сила забрана за продажба на алкохол по 21 часот

Во Сплит стапи на сила забрана за продажба на алкохол по 21 часот

Хрватскиот град Сплит објави дека денес стапува на сила одлуката за ограничување на продажбата на алкохолни пијалоци и други пијалоци што содржат алкохол низ целиот град.

Со одлуката се забранува продажба на алкохолни пијалоци во сите малопродажни објекти во Сплит од 1 јуни до 15 септември, секојдневно од 21:00 до 06:00 часот.

„Мерката се усвојува во интерес на заштитата на јавното здравје, јавниот ред, културното наследство и животната средина, со цел намалување на нарушувањето на јавниот ред, бучавата и загадувањето на јавните површини поврзани со консумирање алкохол во текот на ноќта за време на туристичката сезона. Градот Сплит им се заблагодарува на сите деловни субјекти и граѓани кои, почитувајќи ја Одлуката, ќе придонесат за остварување на неговите цели, во корист на целата локална заедница“, соопшти Градот Сплит.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни