Во Србија 1.318 новозаболени, 11 лица починаа

Според објавените податоци на веб-страницата covid19.rs, во Србија денес се регистрирани 1.318 нови случаи на ковида-19.

Најголем број на новоинфицирани лица има повторно во Белград, 583 или 44 проценти. Следува Нови Сад со нови 139 случаи, Крагуевац со 127, 76 нови случаи во Ниш, 66 во Краљево и 43 во Шабац.

Другите градови во Србија имаат помалку од 20 нови случаи на коронавирус.

Во последните 24 часа 11 лица починаа од последиците на вирусот корона.

Досега во Србија се регистрирани 64.065 случаи на ковида-19.

.

Извор: ТВ21