21-годишна девојка е пронајдена мртва во четвртокот во Осиек.
Девојчето било убиено со истрел од службениот пиштол на полицаец кој во моментот на убиството бил во станот. Неофицијално станува збор за момчето на девојката, но се уште не се познати околностите за нејзината смрт.
Информацијата ја потврдија и од ПУ на Осиек-Барања.
„Синоќа околу 22.05 часот во стан во Осиек е убиена 21-годишна жена. Во овој момент не можеме да дадеме повеќе информации за динамиката на овој настан, освен што смртта на девојчето настанала од огнено оружје, кое е и службено оружје на полициски службеник кој не бил на должност, кој бил присутен во стан во моментот на настанот. Полициските службеници продолжуваат со утврдување на сите факти и околности за овој настан за што навремено ќе ја информираме јавноста“, соопштија од полицијата.