Јавното обвинителство во судот пушти видео -материјали за нападот врз пратеникот Зијадин Села ноќта на 27 април минатата година. На видеото се гледа дека лидерот на Алијанса за Албанците е нападнат од поголема толпа на луѓе.
Обвинителката Ивана Трајчева ги посочи Мунир Пепиќ и Вилијам Михајловски како лица кои го удирале Села. Сепак, Пепиќ негира такво нешто и вели дека на снимката не се гледа дека тој го удира пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците.
И вториот обвинет Вилијам Михајловски се пожали за коментарите на обвинителката Трајчевска во врска со снимките, велејќи дека тој не го удрил Села бидејќи толпата околу пратеникот, кој во тој момент бил на земја, го туркала лево десно.
„Сакам да се пожалам за објавеното видео од јавното обвинителство во 58 секунда. На видеото се гледа јасно дека јас сум многу далеку од толпата и пратеникот Села, а толпата ме турка лево десно. И на едно место Јавното обвинителство, рече – еве го Вилијам стои во првите редови, а јас стоев на 1.5 метар далеку од пратеникот Зијадин Села“, рече Вилијам Михајловски – обвинет во случајот „27 април“.
За настаните од 27 април, Јавното обвинителство во суд презентираше нови докази и смс пораки од пратениците, пред и по настаните од 27 април 2017 година. Според овие докази пратеникот Сашо Василевски спас гледал во претседателот Иванов, а пратеникот Јохан Тарчуловски во Христијан Мицкоски.
Според комуникацијата, пратеникот Василевски, кој во телефонот на Јохан Тарчуловски бил запишан како доктор на Сашо Василевски, 27 април се подготвувал уште ноќта на 12-ти. Од понеделник ќе се презентираат и последните докази на адвокатите кои потоа ќе ги дадат завршните зборови.
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ
