Свет

Во тек е евакуација на жителите на украинскиот град Ирпин

Во тек е евакуација на жителите на украинскиот град Ирпин

Луѓето се евакуираат од Ирпин, град западно од Киев, во кој во последните денови имаше тешки борби.

Продолжува евакуацијата на населението во градот преку селото Романивка до градот Киев, изјави шефот на регионот Олексеј Кулеба.

До 9:30 часот (07:30 по Гринич) повеќе од 150 луѓе се евакуирани, додаде тој.

„Агресорот ја спречува евакуацијата на населението. Во рок од еден ден, оние кои успеаја да стигнат до собирното место беа самостојно изнесени од Ирпин. Сега областа се подготвува за голема евакуација и испорака на хуманитарна помош“, вели Кулеба, пренесува Би-Би-Си.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни