Македонија

Во Тетово дождот ги извади на улица црните води – граѓаните се жалат за лошата миризба во градот

Поројните дождови во градот Тетово во попладневните часови предизвикаа фекалната канализација да излезе на површина.

Многу улици и населби во градот мирисаа лошо бидејќи фекалната канализација излезе на површина.

На терен беа и екипите на Јавното комунално претпријатие кои се обидуваа да ја одзаднат канализацијата, а ваквата ситуација се повторува секогаш кога има поројни дождови во овој град.

Поради недостигот на атмосферска и фекална канализација, дел од градот Тетово секогаш се соочува со овој проблем.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни