По две одложувања денеска почна пописот на населението и домаќинствата во Црна Гора, а како што соопшти Монстат, попишувачите на Управата за статистика од рано наутро ќе бидат на терен.
Попишувачите во наредните денови ќе бидат на терен од 8 до 20 часот.
Планирано е пописот да трае 15 дена, но можно е тој да биде продолжен за уште неколку дена, јавува РТЦГ.