Свет

Во Турција почина омиленото куче на познатиот тим за пребарување: „Ја исполнивте својата мисија. Ви благодариме за херојската работа“

Во Турција почина омиленото куче на познатиот тим за пребарување: „Ја исполнивте својата мисија. Ви благодариме за херојската работа“

Едно од омилените кучиња за спасување во Мексико, кое беше испратено во Турција за да помогне во спасувачките операции таму, почина во потрага по преживеани под урнатините. Тој спасил повеќе од 10 луѓе.

„Длабоко жалиме за загубата на нашиот голем придружник, кучето Протео“, објави мексиканското Министерство за национална одбрана на Твитер во неделата.

„Ја исполнивте вашата мисија како член на мексиканската делегација во потрагата и спасувањето на нашите браќа во Турција. Ви благодариме за херојската работа“, се вели во соопштението на Министерството објавено на Твитер.

Министерството не соопшти како кучето починало. Во објавите на Твитер пишуваат дека загинал при потрагата по две лица под урнатините. На задачата во Турција нашол најмалку 10 луѓе, според некои извештаи и 15.

Протео беше едно од 16-те кучиња трагачи испратени од Мексико во Турција минатата недела за да помогнат во операциите за пребарување и спасување по разорниот земјотрес.

„Срцето на нашиот спасувачки тим моментално лета за Турција“, напиша во вторникот на Твитер мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард.

Мексико, кое има редовни земјотреси поради својата тектонска средина, е добро познато по своите високо обучени и специјализирани кучиња за пребарување и спасување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни