Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 5.100, а десетици илјади се повредени. Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.
Огромната спасувачка операција се уште трае. Студеното време ја отежнува потрагата по преживеани. Во текот на утрото Турција ја погодија два нови силни земјотреси – првиот беше со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот, кој се случи околу 08:50 часот, со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.
Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени се случи во текот на ноќта на студено време во провинцијата Кахраманмарас на југоисток, на околу 60 километри додека врана лета од сириската граница. Следеа десетици послаби земјотреси, а попладнето исто така на југоистокот на Турција се случи уште еден со јачина од 7,5 степени.
Турски работници копаат гробници за жртвите од земјотресот на гробиштата во Дијарбекир, Турција.