Во Велес остануваат уште 7 слободни кревети за згрижување на ковид пациенти, вели во изјава за ТВ21, директорот на болница д-р Божидар Бојаџиев.
„Иако драстично расте бројот на заразени во Велес и бројот на заразените со коронавирусот ние се уште ја држиме болницата во кондиција, така што моментално болницата располага со 54 легла за ковид пациенти, од кои што моментално 47 се исполнети“, вели за Тв21 д-р Божидар Бојаџиев.
Тој потенцира дека кај дел од пациентите се уште не е потврден вирусот и во текот на денот се земаат брисеви. Болницата има и план Б доколку се исполни целосно капацитетот.
„Остануваат уште 7 слободни места, меѓутоа ние имаме план Б со кој што нема да дозволиме да бидат пациентите кои што доаѓаат незгрижени. Во постојана комуникација сме сто Минситерството за здравство, очекуваме во накратко време да биде вклучена и болницата Јасен“, додава Бојаџиев.
Тој апелира до граѓаните да не прават паника и да ги почитуваат мерките на министерството и светската здравствена организација, а со тоа ќе помогнат на себе и лекарите кои како што вели тој со последни сили успеваат да ја држат ситауцијата под контрола.
Во Велес вчера беа регистрирани 82 нови случаи со Ковид-19, а починаа 5 лица.
.
