Британската влада официјално го објави почетокот на периодот на национална жалост за кралицата Елизабета и ги објави соодветните упатства. Во документот, кој содржи упатства за поставување знамиња, информации за патувања и други деловни и јавни услуги, се наведува дека жалоста ќе продолжи до крајот на денот на државниот погреб
Владата рече дека нема обврска за откажување или одложување настани и спортски настани или затворање на места за забава во овој период, додавајќи дека тоа е на дискреција на поединечни организации.