Вистинска бања денеска беше водата во Дојранското езеро. Управата за хидро-метеоролошки работи измери 27,8 степени на водата во Дојранското езеро. Токму поради топлината, но и алгите кои ги има во Дојранското езеро, тоа е честа дестинација за македонските но и странски туристи.
Водата во Охридското езеро денеска беше 24,5 степени, а во Преспанското езеро кај Наколец точно 25 степени.
Времето денеска беше сончево и топло со мала облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Така ќе биде и до крајот на денот.
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. УВ=8
Во Скопје сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 37 степени.
ТОПЛОТЕН БРАН
Под влијание на многу топла воздушна маса во петок ќе биде уште потопло, температурите на повеќето места ќе бидат над 35°С, а во југоисточните подрачја и над 40°С. За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Температурите значително ќе се намалат.