Свет

Водителката на прекинатите вести на руската телевизија е државјанин на Црна Гора

Водителката на прекинатите вести на руската телевизија е државјанин на Црна Гора

Светот го обиколи веста дека новинарката во понеделникот вечерта ја прекина вечерната информативна емисија на руската телевизија Канал 1 – блиска до властите во Москва – држејќи антивоена порака во рацете, но помалку е познато дека водителката на вестите е црногорски државјанин.

Станува збор за Екатерина Андреева, руска новинарка која е црногорска државјанка од 2011 година.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални уште во 2015 година објави дека Андреева е црногорска државјанка, а потоа изјави дека е во брак со црногорскиот бизнисмен Душан Перовиќ. Инаку, Перовиќ извесен период беше и шеф на претставништвото на Република Српска во Москва.

Според владините податоци доставени до невладиниот сектор, Андреева добила црногорски пасош во 2011 година, откако решението било потпишано од тогашниот црногорски министер за внатрешни работи Иван Брајовиќ.

Андреева на социјалните мрежи често објавува свои фотографии од Црна Гора.

Руската новинарка која упадна во студиото е казнета со 30.000 рубли или околу 250 евра поради „организирање на неовластен јавен настан“.

Според веб-страницата „Медуза“, таа е казнета поради видео кое го снимила пред настанот, а не поради самиот чин на бунт.

„Не за војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропаганда, ве лажат“, гласеше пораката која јасно се гледаше зад водителката Екатерина Андреева.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни