Војна на интернет – ја осудија Џенифер Анистон поради ставот за вакцинацијата, таа веднаш одговори!

Актерката Џенифер Анистон дојде до осуда од своите следбеници по изјавата дека не сака да се гледа со луѓе кои не се вакцинирани.

Тоа сепак ја натера да се пресмета со нив вербално.

Имено, коментарите се во многу непријатен тон упатени кон актерката, но еден се издвои и стана повод за одговор од Анистон.

„Доколку е таа вакцинирана, заштитена е. Зошто се грижи за не вакцинираните околу себе?“, гласи коментарот.

Актерката вели дека поради тоа што имаат опција, можат и да и пренесат коронавирус.

„Можеби јас малку ќе се разболам, но нема да завршам во болница, ниту пак ќе умрам, но јас можам вирусот да го пренесам на некого кој не е вакциниран и неговото здравје може да биде загрозено (или има постоечка состојба) и затоа би го ставила нивниот живот во опасност“, објасни Анистон.