Свет

Војната во Украина: Бројот на бегалци надмина 6 милиони

Војната во Украина: Бројот на бегалци надмина 6 милиони

Бројот на бегалци кои бегаат од Украина поради војната со Русија надмина 6 милиони, соопштија Обединетите нации. Речиси 5 милиони од нив побарале засолниште на Запад, а останатите во Русија.

ОН ќе покренат официјална истрага за воените злосторства во Украина. Ова го одлучи Советот за човекови права на Светската организација.

Резолуцијата беше изгласана со големо мнозинство, а против беа само две земји – Кина и Еритреја. Тешките борби продолжуваат.

Русија ја засилува својата офанзива во регионите Доњецк, Луганск и Керсон. Во исто време, украинските сили спроведуваат контраофанзива околу Харков.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни