Свет

Вонредна состојба во Италија: Голема бура, штетите надминаа една милијарда евра

Вонредна состојба во Италија: Голема бура, штетите надминаа една милијарда евра

Италијанската влада прогласи вонредна состојба во понеделникот за јужните региони погодени од силна бура минатата недела, ветувајќи брза финансиска помош за обнова на патиштата и бизнисите оштетени од временските услови.

Силните дождови, ветровите и брановите високи до девет метри ги погодуваат Сицилија, Сардинија и Калабрија веќе два дена, кршејќи ги крајбрежните бариери и поплавувајќи ги внатрешните области, објави Ројтерс.

Властите ја проценија штетата на повеќе од 1 милијарда евра, но и покрај обемот на уништувањето, официјалните лица не пријавија жртви.

  • Владата на премиерот Џорџи Мелони издвои почетни 100 милиони евра за решавање на итни потреби во најтешко погодените области – изјави министерот за цивилна заштита Нело Мусумечи.
https://youtube.com/watch?v=4smSU3j8b_g

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни