Балкан

Вонредната состојба на Родос е укината

Вонредната состојба на Родос е укината

Животот на Родос се враќа во сосема нормален режим, вклучително и регионите кои беа зафатени од пожарот, соопшти грчкото Министерство за туризам.

На грчкиот остров Родос е укината вонредната состојба, прогласена поради големите пожари во изминатите десет дена, соопшти Националната асоцијација на туристички агенции ЈУТА.

Тоа здружение го информирало грчкото Министерство за туризам за укинувањето на вонредната состојба.

„Животот на Родос се враќа во сосема нормален режим, вклучително и регионите кои беа погодени од пожарот“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесува агенцијата Бета.

Десетици илјади евакуирани

Се додава дека жителите на Родос херојски се справиле со тешкотиите во овие тешки денови, заедно со грчката држава.

Со нетрпение очекуваме да продолжиме да даваме услуги и нашето единствено гостопримство за странските туристи со посебно внимание“, велат тие.

Десетици илјади луѓе беа евакуирани од грчкиот остров Родос минатата недела. Според Министерството за климатски промени и цивилна заштита, тие биле евакуирани во „најголемата досега“ евакуација поради шумски пожари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни