Македонија

Вонредни инспекции по смртта на 17 годишната девојка од Демир Хисар

Државниот здравствен и санитарен инспекторат започнал вонреден надзор по смртта на 17 годишното девојче од Демирхисарско село Сопотница.

Според најавите од инспекторатот, ќе се проверува целата патека и лекувањето на малолетничката од матичниот лекар во Демир Хисар, па хоспитализацијата во Битола и префрлањето на Инфективната Клиника во Скопје.

Претходно, во Битола почина 22 годишно момче, а семејството најави битка за правда.

Ова е трета малолетничка која го изгуби животот од коронавирус во нашата земја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни