Вонредни најави од УХМР: Вечерва драстична промена на времето

Врнежи од дожд на пониските и од снег на повисоките места во текот на ноќта најавуваат синоптичарите.

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер.

-Под влијание на нов влажен бран, во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, а само на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20 л/м2, се наведува во соопштението.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното