Балкан

Вооружен инцидент на Башчаршија: Маскиран напаѓач пукаше во преполн наргиле-бар во Сараево

Вооружен инцидент на Башчаршија: Маскиран напаѓач пукаше во преполн наргиле-бар во Сараево

Вооружен инцидент се случил вечерва околу 19:25 часот на сараевската Башчаршија, поточно во улицата „Кундурџилук“, каде што маскиран маж отворил оган кон угостителски објект. Според првичните информации, во нападот нема повредени лица.

Како што пренесува босанскиот медиум Avaz, напаѓачот носел фантомка и ракавици и испукал неколку куршуми во правец на познат наргиле-бар. Станува збор за популарно место за собирање на младите, лоцирано во самото јадро на градот.

Во моментот на пукањето, во локалот, но и на самата прометна улица имало голем број гости, случајни минувачи и туристи, кај кои настанот предизвикал огромна вознемиреност и паника.

Полицијата веднаш излегла на терен, а улицата „Кундурџилук“ е целосно затворена за движење. Полициските сили во моментов го обезбедуваат местото на настанот каде што се врши увид со цел да се утврдат сите околности и мотиви за нападот. Повеќе детали од МВР на Босна и Херцеговина се најавуваат по завршување на истрагата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни