Македонија

Воз удри во автомобил во Прилеп, возачот почина на лице место

Воз удри во автомобил во Прилеп, возачот почина на лице место

Утринава околу 4 часот во СВР Битола е пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, на железнички премин на ул.Трајко Николоски со ул.Леце Котески во Прилеп, во близина на железничката станица–Прилеп удрил во патничко моторно возило „поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(76) од Крушево, кој починал на лице место.

„Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт“, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Прилеп.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни