Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Свет

Возач извлечен од автомобил неколку секунди пред да се запали (ВИДЕО)

Возач извлечен од автомобил неколку секунди пред да се запали (ВИДЕО)

Полицаец и случаен минувач извлекле возач од излетан автомобил неколку секунди пред возилото да се запали.

Инцидентот се случил во петокот попладне во Лас Вегас. Возачот изгубил контрола над автомобилот и удрил во палма.

Најпрвин луѓето кои биле сведоци на несреќата залудно се обидувале да ги отворат вратите од автомобилот. Конечно, еден од нив успева да ја отвори возачката врата, кога во акцијата за спасување интервенира полицаец.

Двајцата успеале заедно да ја отворат возачката врата и да го извлечат мажот на безбедно. Веднаш потоа автомобилот се запалил.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни