Македонија

Возач од Кичево фатен со 1,56 промили алкохол, предизвикал сообраќајка

Возач од Кичево фатен со 1,56 промили алкохол, предизвикал сообраќајка
Фото: 4news.mk

На 17.06.2026 на улица „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(62) од Кичево.

Со патничко возило „шевролет“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, предизвикал сообраќајна незгода и по извршено алкотестирање кај него се измерени 1,56 промили алкохол во крвта, по што е исклучен од сообраќај.  

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичен законик – „Безобѕирно управување моторно возило“.  

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни