На улица „Благој Ѓорев“ во Велес, вчера напладне, патничко возило непозната марка со велешки регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрил во пешакот Б.К.(40) од Велес, која ја преминувал улицата.
По незгодата возачот го напуштил местото, а Б.К. била пренесена во Општа Болница – Велес каде и била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
