Свет

Возачите на автобуси во Лондон најавија штрајк кога и вработените во метрото и железницата

Повеќе од 1.600 возачи на автобуси во Лондон ќе штрајкуваат во август (19 и 20-ти) поради спор околу платите, а нивниот штрајк ќе се совпадне со штрајкот на вработените во лондонското метро и железницата, јави ДПА.

Синдикатот рече дека штрајкот е резултат на тоа што компанијата понудила зголемување на платите за 3,6 отсто во 2022 година и 4,2 отсто следната година, што според нив е недоволно бидејќи тоа е реално намалување на платите поради зголемената стапка на инфлација.

Работниците се вработени во Лондон Јунајтед, подружница на француската компанија РАТП.

– Мајката-компанија RATP е нев еројатно богата и може да си дозволи да им плати на нашите членови пристојно зголемување на платите, изјави генералниот секретар на Јунајтед, Шерон Греам.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни