Од јавното претпријатие за државни патишта известуваат дека на ден
26.10.2018 г., со почеток во 09:30 часот ќе се изведуваат работни активности на влезот од тунелите Демир Капија (тунел 1) и Јаворица (тунел 2) на автопатот „Пријателство“ на делницата Демир Капија – Смоквица.
Поради овие причини, сообраќајот пред тунелите ќе се одвива под посебни услови, по левата коловозна лента, со намалена брзина од 40 km/h.
