„ВПЕЧАТЛИВА“ ТРИВИЈАЛНА МАНТРА

И, како што е многу добро познато, а и обзнането низ годините, крајот на месец мај, вообичаено е период кога се најавувани многу општестено-политички новости или предизвици со кои, неминовно, е да се соочи секој, бидејќи не само што се најавува „летна (пред)изборна авантура” во пресрет на Локалните избори 2021 година, наесен, туку и во констелација во поставеноста на принципот на пропорционалност во концептуалната алтернатива на меѓучовечките односи/релации. Со оглед на денешната актуелна ситуација, односно аларманта состојба која сè уште трае, а предизвикана од општествено-здравствената криза со корона вирусот на глобално и државно ниво, нештата се модифицираат и во зависност од апетитите на партиско-политичките субјекти, кои „воздржано”, но со тривијално-излитени потези се обидуваат да ја замајуваат целната јавноста и повторно да го маневрираат просторот, со што (не)официјално пласираат во етерот имиња како претенди за кандидати за претстојните избори, но прикриено и латентно „кохетираат” со (се)вкупните политички чинители, како главни актери/играчи на општествено-политичката сцена. 

Како и претходно, така и сега, имам неколку ставови по однос на тоа, но, сепак, првенство би сакал да го презентирам сопствениот своевиден поглед или „перцепција” кон мантрите кои умешно и вешто ги сервираат мегафоните на најмоќните политички субјекти.

– Не постои позитивен исход со тривијални личности, на кои афинитетите за општо познатите јавни функции во едно општество им се зголемува, а авторитетот и кредибилитетот им е (по)прилично на ниско ниво;

– Meѓу другото, легитимитетот на јавната свест е достоен и доживува експанзија на локално ниво (по примерот во Охрид, каде е најавена независна листа од страна на резигнирани активисти од СДСМ кои се незадоволни од политиките и тривијалностите, а континуирано манифестирани преку внапрепартиски премрежја);

– На политичката сцена неопходно е демонтирање на обичното и внесување на еден друг, иновативен и поинаков дух, дух,, кој ќе ги придвижи авангардно-идеолошките принципи на делување, а сразмерно ќе придонесе кон разнебитување на (би)поларниот-монархо и аристократски етаблиран систем.

Зошто овие три работи ги наведувам како сериозен индикативен наод!?

Прво, бидејќи, во 21 век, кога светот е во подем во дигитална и напредна технологија, перманентно се намалија манипулациите, притисоците и репресиите од една општествена висока класа врз друга пониска (читај хегемонија). Тоа е продукт, односно резултат на индивидуалната слобода да го гради својот перспективен пат на современ, цивилизиран и либертаријански начин/модус, затоа што поединечната слобода е на пиедесталот во едно демократско и прогресивно општество, како и, меѓу другото, целта на слободоумието е човекот во центарот како идеал на хуманистичката епоха.

Како што одминува времето, така и постепено се буди свеста да се „осознае“ дека тривијалноста е веќе застарен модел на кој може да им веруваат само утопистите, инструираните марионети кои, закоравено и поданички им служат на опортунистите во еден внатрепартиски процес, сè со цел да ги маргинализираат чисто профилираните и морално-агилни личности, кои поседуваат фундаментален агенс за општествени промени, со кои ќе можат беспрекорно да лиферуваат корисни резултати во интерес на целокупната заедница. 

Охрид најавува независни листи, но, мислам дека и, повеќето ќе го применуваат овој егземплар и храбро и достоинствено ќе се одважат да ги промовираат нивните граѓански концепти и идеи, кои се од витално, круцијално и есенцијално значење за општествениот локален-економски развој. 

Нема прогрес без еволуција, ниту револуција без идеја!

Очекувам рамноправна борба/битка од аспект во „регрутирање” кадри во политичките партии. Двете најголеми и најмоќни партии ја имаат привилегијата да дејствуваат, но да не се заборави дека третиот политички блок е во огромен, колосален и извонреден „замав”, и силно и енергично во подем. И, што е најбитно, независната листа, оваа година ќе ја има протагонистичката улога во епилогот, кулминацијата и заплетот во рингот на политичката сцена. 

Тривијалноста е демоде!

Ставовите изразени во оваа колумна се лични ставови на авторот на оваа колумна и не ги одразуваат ставовите на членовите на редакцијата на 4NEWS.mk

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното