Јусоф Ирфан, вработениот во ЈСП кој испрати мејл со лажна дојава дека е поставена бомба во кругот на претпријатието, доби притвор од Кривичниот суд, по барање на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, дознава „А1он“. Според информации на „А1он“, вработениот е осомничен за тешко кривично дело тероризам, поради пратениот е-мејл.
Засега нема информации поради кои причини е побарана оваа мерка, односно дали е поради опасност од бегство, повторување на делото или влијание на сведоци. Ирфан, ќе остане 48 часа во притвор, кој ќе го издржува во затворот „Скопје“ во Шутка.