Македонија

Вработените од Клинички излегуваат на протест – бараат зголемување на платите

Синдикатот на Клинички центар најавува масовен протест доколку не добијат линеарно покачување на платите.

Протестот е закажан за в понеделник, како што велат од синдикатот, но ќе му дадат простор за преговори на Министерството за здравство, па затоа собирот ќе го одложат за до среда, доколку дотогаш не постигнат договор за покачување на платите за 2.860 денари.

На протестот ќе му се приклучат медицинските сестри, администрацијата, лекарите и целиот медицински персонал.

Министерот за здравство, Беким Сали, синоќа одржа средба со Синдикатот на Клинички центар и Лекарската комора и се согласува да го поддржи синдикатот, но рече дека тој не ги одвојува финансиските средства.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни