Македонија

Вработените од велешка „Колска“ на протест пред Владата

Вработените од велешка „Колска“ на протест пред Владата

Деблокада на сметката за да може фабриката непречено да работи. Вработените од велешка „Колска“ на протест пред Владата. Бараат средба со премиерот или со вицепремиерот за да добијат одговор – кој е нивниот план – дали фабриката ќе продолжи со работа или и се заканува ликвидација.

Вработените објаснуваат дека сметката на фабриката е блокирана девет месеци поради неплатен данок, поради што 70-тина луѓе стравуваат за својата егзистенција. Велат, не бараат зголемување на платите, туку начин да си ја заработат платата.

Фабриката за шински возила „Колска“ е единствена од ваков вид во земјава, а порано беше дел од Македонски железници. Во моментот во работилницата има 25 товарни и еден патнички вагон кои чекаат репарација. Ако тоа не се направи до Нова година се доведува во опасност понатамошната работа на претпријатието, велат вработените.

Анита Димитријевска Велковска

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни