Луѓето кои работат за федералната влада трајно или под договор мора да бидат вакцинирани против Ковид-19 до 8 декември, соопшти Белата куќа.
Во соопштението се наведува дека администрацијата во иднина ќе стави клаузула за задолжителна вакцинација во договорите за вработување, пишува Гласот на Америка, а пренесува Танјуг.
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша указ на 9 септември, со кој се налага државните службеници да бидат вакцинирани против Ковид-19.
Адвокатот Стив Кејв проценува дека оваа одлука вклучува десетици милиони работници. Заменик -директорот на буџетската канцеларија на Белата куќа, Џејсон Милер, напиша на својот блог дека целта на оваа одлука е да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе.
Тој верува дека ова ќе го намали отсуството од работа и трошоците за работна сила, како и ќе ги зголеми перформансите на оние што работат за владата.