Балкан

„Врати се во Канада“ – Младинската организација на ГЕРБ протестираше против премиерот Петков

„Врати се во Канада“ – Младинската организација на ГЕРБ протестираше против премиерот Петков

Младинската организација на ГЕРБ протестираше пред зградата на Министерскиот совет во Бугарија, додека внатре се одржуваше церемонијата на презентирање на евалуацијата на Планот за закрепнување и одржливост, јавува БТВ.

Мала група скандира „Оставка“ и носеше плакати со пораки против премиерот Кирил Петков.

Според Георг Георгиев „државата пропаѓа“, а целта на демонстрантите е да ги заштитат бугарските и европските интереси.

ФОТО: БТВ

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни