Македонија

Времето стабилно за викендов – попладне нестабилност со пороен дожд

Времето стабилно за викендов – попладне нестабилност со пороен дожд

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во југоисточните делови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=34°C. P=982hPa. U=27%. V=2m/s

За време на викендов, претпладне времето ќе биде претежно сончево и топло со мала локална облачност, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотрајна локална нестабилност. Од почетокот на работната седмица во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни