Македонија

Времето во наредните денови ќе биде променливо облачно и нестабилно – на повеќе места со пороен дожд и грмежи

Времето во наредните денови ќе биде променливо облачно и нестабилно – на повеќе места со пороен дожд и грмежи

УХМР информира дека од денес до средината на следната седмица, подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран.

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Локално, повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 l/m2) за кратко време кои можат да предизвикаат локални проблеми во дел од урбаните средини, како и да доведат до брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците.

Од таму се предупредува на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолицте во текот на наредните денови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни