Свет

Врховниот лидер на Иран проговори, ги обвини САД и Израел за смртта на шефот на разузнавањето

Врховниот лидер на Иран проговори, ги обвини САД и Израел за смртта на шефот на разузнавањето

По атентатот врз шефот на разузнавањето на Револуционерната гарда, Маџид Хадеми, беше објавена писмена порака што му се припишува на врховниот лидер Моџтаба Хаменеи.

Пораката го осудува атентатот и ги обвинува САД и Израел, кои потврдија дека целта била Хадеми.

Хамнеи рече дека смртта на командантот нема да предизвика „нарушување“ во идеологијата на иранските сили бидејќи нивните „редови се бројни“. Од почетокот на војната на 28 февруари, убиени се неколку команданти на Револуционерната гарда.

Хамнеи не се појавува во јавноста
Неодамна беа објавени неколку писмени пораки што му се припишуваат на Хаменеи, но откако го наследи својот татко пред околу еден месец, тој не се појави во јавноста ниту на иранската државна телевизија.

Доналд Трамп тврди дека Моџтаба е „или мртов или во многу лоша состојба, бидејќи никој не одговара“.

Од друга страна, амбасадорот на Иран во ОН во Женева изјави дека неговото отсуство од јавноста е поради „безбедносни причини“, додека министерот за надворешни работи Абас Арагчи тврди дека тој е „во добра здравствена состојба и целосно управува со земјата“.

Во моментов нема јавно достапни аудио или видео докази за овие тврдења.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни