Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудата за Васил Јованов, со што 13-годишната затворска казна за сообраќајната несреќа во која загина 22-годишната Фросина Кулакова станува конечна.
Со оваа одлука, осудениот ги исцрпи сите вонредни правни лекови за намалување на казната.
На седницата одржана на 11 март 2026 година, највисокиот суд во државата оцени дека барањето на одбраната е неосновано и ги потврди претходните пресуди на Основниот и Апелацискиот суд.
Јованов е прогласен за виновен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.