Свет

Втората рунда разговори меѓу Русија и Украина ќе се одржи денеска, соопшти помошникот на украинскиот претседател

Втората рунда разговори меѓу Русија и Украина ќе се одржи денеска, соопшти помошникот на украинскиот претседател

Вториот круг разговори меѓу делегациите од Русија и Украина треба да се одржи денеска, а се очекува делегациите да ги сочинуваат истите претставници кои ќе бидат присутни на првата рунда разговори во понеделник.

„Сега е официјално. Вториот круг разговори меѓу Украина и окупаторот ќе се одржи денеска“, изјави во средата за Си-Ен-Ен помошник на украинскиот претседател.

„Делегациите ќе бидат во ист состав“, додаде функционерот.

Во вторникот руската државна новинска агенција РИА соопшти дека вториот круг од разговорите ќе се одржи во Белорусија, во близина на границата меѓу Белорусија и Полска.

Првата рунда разговори во понеделникот траеше пет часа и заврши без пробив.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни