Македонија

Втори јануари е работен ден за јавните здравствени установи

Министерството за здравство, информира дека 2-ри јануари 2019 година ќе биде работен ден за вработените во јавните здравствени установи во Република Македонија, со цел граѓаните да добијат навремена здравствена заштита и помош.

Граѓаните кои имаат закажано термини за прегледи на овој ден во специјалистичко-консултативни амбуланти, кабинети за снимања и други дијагностички процедури, како и закажаните хируршки интервенции – нема да бидат одложени и ќе бидат извршени согласно закажаните термини.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни