Српскиот претседател Александар Вучиќ, пред патувањето во Анкара, побара од претставниците на српската влада да му презентираат нацрт-стратегии наречени „Србија 2030“ и „Србија 2035“.
Тој доби предлози за програми создадени со помош на вештачка интелигенција од претставниците на српската влада.
Вучиќ ќе ги покани премиерот Ѓуро Мацут и другите министри и ќе им даде рок да подготват целосен предлог-програм за двете стратегии до 21 февруари, денот кога ќе се врати од Индија, велат српските медиуми.
Доколку српската влада не ја исполни задачата во дадениот рок, претседателот Вучиќ планира самиот да предложи стратегија и програма.
Сведоци кои беа присутни кога српскиот претседател го прими планот создаден со помош на вештачка интелигенција велат дека долго време не го виделе толку лут.
Веста беше објавена синоќа од провладините медиуми. Вучиќ не коментираше за случајот.
