Вучиќ: Сите што учествуваа во немирите ќе бидат уапсени во следните 10 дена

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека сите оние кои учествувале во немирите од претходните денови ќе бидат приведени во следните десет дена.

„Оперативата си ја врши својата работа и за десет дена сите лица кои учествувале во немирите ќе бидат приведени. И тоа лицето со фантомка, кое ќе го препознаеме според конституцијата, а нема да биде само според конституцијата. Ги најдовме тие што мислеа дека никогаш нема да ги најдеме и ќе мора да одговараат“, рече тој за време на обраќањето до нацијата, на констатацијата на новинар дека вчера пред новинарските камери, за време на палењето на просториите на СНС во Ваљево, се појавил човек кој им рекол на новинарите да не го снимаат бидејќи ќе го вратат во затвор ако го препознаат, и на прашањето кои се тие луѓе.

Вучиќ рече дека е благодарен на луѓето кои ги знаат вредностите на Србија и кои не сакаат да учествуваат во немирите.

„Благодарен сум на луѓето кои знаат кои се вредностите на Србија. Оставете ги нашите политички дискусии настрана. Благодарен сум и на луѓето кои се на другата страна од политичкиот спектар и кои не сакаат да учествуваат во немири и конфликти“, рече претседателот на Србија.