Балкан

Вучиќ: Србите на северот од Косово ќе ги отстранат барикадите

Вучиќ: Србите на северот од Косово ќе ги отстранат барикадите

Србите во северно Косово, кои во последните 19 дена ги блокираа патиштата во знак на протест поради приведувањето на поранешен полицаец, утринава ќе почнат да ги отстрануваат барикадите, изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ, цитиран од Ројтерс.

„Ова е долг процес. Ќе потрае некое време“, рече тој по состанокот со српското население во северно Косово.

Поранешниот полициски службеник Дејан Пантиќ, чиј притвор предизвика протести кај српското малцинство на Косово, вчера беше ставен во домашен притвор на барање на обвинителството.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни