Балкан

Вучиќ за несреќата во Нови Сад: Очекувам во текот на утрешниот ден нови оставки!

Вучиќ за несреќата во Нови Сад: Очекувам во текот на утрешниот ден нови оставки!

Претседателот Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста рече дека веќе утре очекува нови оставки во Владата и на други места поради несреќата на железничката станица во Нови Сад.

Тој рече дека е сигурен оти надлежното обвинителство во најбрз можен рок ќе преземе мерки.

„Најпрво сакам уште еднаш да изразам сочувство до семејствата на жртвите по повод трагедијата во Нови Сад, сакам да кажам дека државата, иако знам колку непримерно звучи во овој момент, кога некој ги загуби своите најблиски, ќе помогне колку што е можно. Веќе очекувам во текот на утрешниот ден, нови оставки, и во владата и на други места“, рече Вучиќ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни