Балкан

Вулин поднесе неотповиклива оставка како директор на БИА: САД и ЕУ ja бараат мојата глава

Вулин поднесе неотповиклива оставка како директор на БИА: САД и ЕУ ja бараат мојата глава

Александар Вулин поднесе оставка од функцијата директор на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), соопшти БИА.

Во изјава за медиумите Александар Вулин изјави дека САД и ЕУ ја бараат неговата глава како предуслов за да не се воведат санкции кон Србија.

„Јас не сум причина за уцени и притисок врз Србија и „српскиот свет“, но нема да дозволам да бидам причина за уцени и притисок врз Србија и „српскиот свет“. Затоа поднесувам неотповиклива оставка од директорската функција“, се наведува во соопштението.

Вулин додаде дека санкциите што му се воведени се доказ за неговата упорна борба за единство на Србите.

Тој вели дека ова е мала победа за САД и ЕУ, но и негова голема победа бидејќи, како што истакнува, докажал дека Србија и српскиот народ вредат секоја жртва.

„Мојата жртва е мала во споредба со големината на светилиштата што ги бранам“, додаде тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни