Свет

Вулканот Ибу во Индонезија двапати еруптираше исфрлајќи врела лава

Вулканот Ибу во Индонезија двапати еруптираше исфрлајќи врела лава

Индонезискиот вулкан Ибу денес двапати еруптираше исфрлајќи врела лава, а нивото на предупредување е подигнато на четврто највисоко ниво, соопшти државната вулканолошка агенција ПВМБГ.

Вулканот Ибу се наоѓа на планина на височина од 1.325 метри на источната страна на островот Халмахера, а првата ерупција била рано утринава, а втората ерупција фрлила вулканска пепел до висина од 1.200 метри, изјавил за Ројтерс претставник на PVBG.

Агенцијата ги забрани сите активности на седум километри од кратерот на вулканот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни