Свет

Вулканот Шивелуч еруптираше на полуостровот Камчатка (Видео)

Вулканот Шивелуч еруптираше на полуостровот Камчатка (Видео)

Вулканот Шивелуч еруптираше на полуостровот Камчатка, јави ТАСС, повикувајќи се на Институтот за вулканологија и сеизмологија на Руската академија на науките.

Висината на колоната од вулканска пепел исфрлена од вулканот достигна 20.000 метри надморска височина.

Поради облакот од вулканска пепел, кој исто така се прошири на населените места во регионот Уст-Камчатски, локалните институции и училишта останаа затворени, а на луѓето таму им беше препорачано да не ги напуштаат своите домови.

Во едно од селата во околината – Кључи, слојот од вулканска пепел по ерупцијата на Шивелуч достигна 8,5 сантиметри, што е рекорд во оваа населба во последните 60 години.

Во исто време, земјотрес со јачина од 4,5 степени е регистриран во водите на заливот Авачин, во близина на југоисточниот брег на Камчатка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни