Наука и технологија

Wi-Fi 7 доаѓа порано од очекуваното

Wi-Fi 7 доаѓа порано од очекуваното

Следната генерација на Wi-Fi технологија доаѓа порано од очекуваното. Првите компоненти со Wi-Fi 7 ќе ги објави Qualcomm во втората половина на следната година, пренесува GizChina.

Ова е релативно изненадувачки, бидејќи обично поминуваат помеѓу 5 и 6 години помеѓу различни генерации на Wi-Fi. Wi-Fi 6, на пример, се појави на пазарот во 2019 година.

Сепак, Wi-Fi 7 значително ќе го скрати овој период. Првите рутери со новата технологија се очекуваат следната година, а нивниот пораширен влез – во 2024 година.

Qualcomm е речиси подготвен со модули за Wi-Fi 7. Новиот стандард ветува уште поголеми брзини на поврзување. На пример, максимумот на Wi-Fi 6 е 9600Mbit/s, тогаш Wi-Fi 7 ќе достигне 46.000Mbit/s.

Wi-Fi 7 ќе поддржува и повеќе паралелни врски, ветувајќи 75% намалување на латентноста при користење на технологијата Multi-Link Mesh на компанијата. Подобрено е и ширењето на сигналот, а брзината за исто растојание ќе биде и до двојно поголема.

Wi-Fi 7 ќе ги користи истите фреквенции како и претходните генерации – 2,4, 5 и 6GHz. Поддржана е и функција за автоматска дистрибуција на фреквенции според типот на уредот. Ова ќе го намали оптоварувањето на само една фреквенција.

Повеќето од овие карактеристики ќе бидат погодни најмногу за деловни цели. На крајните корисници нема да им требаат освен ако не градат паметен дом со повеќе сензори и уреди на кои им е потребна стабилна и брза конекција на внатрешната мрежа.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни