Функцијата за блокирање на потенцијално несаканите апликации што Мајкрософт ги додаде на Виндоус 10 со ажурирање објавено во мај 2020 година, сега ќе биде стандардно овозможена на сите уреди со Виндоус 10, објави компанијата.
Со други зборови, секој уред што работи барем со ажурирање од мај 2020 година автоматски ќе ги блокира потенцијално несаканите апликации. Претходно, корисниците мораа рачно да ја активираат оваа функција на нивните уреди.
Компанијата вели дека ќе започне да ја вклучува оваа функција на почетокот на август, и ако сакате да ја исклучите или повторно да ја вклучите, од која било причина, можете да го направите тоа со одење до Windows Security> App & browser control > Reputation-based protection.
Иако ова е добредојдена промена, треба да се потсети дека блокирањето на PUA не мора да спречи инфекции со малициозен софтвер, бидејќи потенцијално несаканата апликација е различен тип на малициозен софтвер, велат од Мајкрософт.
„Потенцијално несаканите апликации (PUA) се категорија софтвер што може да предизвика бавно да работи вашиот уред, да прикажува неочекувани реклами или, во најлош случај, да инсталира друг софтвер што може да биде поштетен или досаден. PUA не е штетен софтвер, но тоа е софтвер што често не ви е потребен и најверојатно не го сакате“, објаснуваат од компанијата.
