Македонија

За 10 години се иселиле 175 илјади граѓани – анализа на резултатите од пописот со демографот Дончо Герасимовски

За 10 години се иселиле 175 илјади граѓани – анализа на резултатите од пописот со демографот Дончо Герасимовски

ТВ21 направи анализа на резултатите од пописот заедно со поранешниот директор на Државниот завод за статистика и демограф Дончо Герасимовски.

Тој вели дека од тоа што е презентирано како први резултати и сега согледувајќи ги резултатите прибрани и обработени од пописот 2021 година, бројките се вонглавно тие кои може да се рече дека на прв поглед задоволуваат имајќи ги во предвид демографските движења кои се случуваат во изминатите 20 години.

„Од аспект на демографски параметри на наталитет како број на новородени и морталитет како број на умрени лица, разликата меѓу нив е природното движење и на крај секако една актуелна тема е внатрешно миграциони движења, како преселување од едно во друго населено место на територија на иста општина од село во град или од една во друга општина“, вели Герасимовски.

Тој посочува и еден проблем кој го имаме во државата за кој се уште нема доволно податоци, а тоа е бројот на иселени од земјата чија бројка според меѓународни организации од светско ниво, светска банка, евростат се институции кои се стручни професионални и кои објавуваат одредени податоци за население со државјани од разни земји каде што се наоѓаат по светот.

„За Македонија се смета дека има, според нив 600 илјади македонски државјани кои се надвор од земјава и таа бројка е распространета во 163 земји во светот. Резидентното население кое живее, работни и твори во нашата земја е бројка која се очекува да има и намалување оти знаеме дека голем број на население од нашата земја е замината надвор, за последните 10 години се смета дека 175 се заминати надвор од земјава според податоци на евро стат во земји на ЕУ“, додава Герасимовски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни